ВМРО-ДПМНЕ 11 години на најбрутален начин ја злоупотребуваше и партизираше полицијата, Министерството за внатрешни работи го претвори во МВРО-ВМРО, а денес како опозиција очајно се обидува да манипулира и си поигрува со чувствителни прашања.
9 мај 2015 е еден од најтрагичните денови во поновата историја на Македонија што се случи за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ.
Вистината за случувањата во Куманово мора да излезе на виделина за случајот да биде расчистен до крај. Тоа е должност кон семејствата на 8-темина загинати бранители, кон семејствата кои останаа без домови, но и кон сите граѓани на Република Македонија.
Никој не смее и нема да биде амнестиран од одговорност, доколку се докаже дека на каков било начин бил дел од инцидентот што ја загрози сигурноста на граѓаните. Инволвираните и виновните во случајот ќе понесат одговорност за вакви злосторства никогаш повеќе не и се повторат на Македонија.
За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога МВРО ВМРО беше сервис на Никола Груевски и фамилијата, процесот на реформи и ослободување на институциите воден од Владата предводена од СДСМ обезбедува професионализација и департизација на Министерството за внатрешни работи и другите институции.
МВР денес работи независно, професионално и неселективно, а полицијата повеќе не е инструмент на ниту една партија туку функционира како вистински сервис, заштитник и пријател на граѓаните. Тоа е суштинската разлика што ВМРО-ДПМНЕ не може да ја сфати.