СДСМ очигледно живее во паралелен универзум и нема контакт со реалноста која ја живеат граѓаните. СДСМ поради своите розови очила не може да види дека за неполна година власт на владата на Заев се случува економско цунами кое директно удира по џебот на граѓаните и по грбот на македонското стопанство.

Македонската економија ја заврши 2017 година со 0 раст на бдп, и покрај тоа што ги кријат и штелуваат државниот и јавниот долг ги поминаа психолошките граници, откако СДСМ е на власт секое семејство е задолжено за нови 1200 евра, пензиите наместо да растат почнаа да опаѓаат, цените секој ден растат, а стандардот се намалува.

Во економијата или се стагнира или е тргнато во удолница. Граѓаните тоа секој ден го гледаат и чувствуваат. Се пропаѓа, освен бизнисите на картелот на Заеви и нивните ортаци кои метастазираа во целата економија.

Ветувањата за 500 евра просечна плата, изградба на 600 километри автопат, 100 илјади денари плата на лекарите, 15 % поврат на ДДВ и слично доживуваат крах, па сега истите ликови од СДСМ кои ги ветуваа, почнаа да ја лажат јавноста дека тоа не го ветиле.

СДСМ може да шминка статистики колку што сака и да пушта брзоплети реакции, ама од тоа народот нема никакво фајде. Тие секој одминат ден од власт на Заев и СДСМ живеат се полошо и полошо. Тоа мора да запре и оваа ненародна и неспособна власт ќе замине.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 22:52