Германија останува без домашно производство на масло од канабис, откако парламентраните власти на Германија ја прекинаа процедурата за собирање на првата жетва од канабис. Токму поради ова германските државјани се принудени да го бараат маслото од канабис надвор од своите граници.

Шанса за влез на Германскиот пазар и пополнување на јазот од недостаток на маслото од канабис во оваа европска земја гледа и Македонскиот овластен производител на масло од канабис, NYSK Holdings:

„Користејќи врвна технологија за одгледување и екстракција, NYSK Holdings успеа да развие иновативен пристап како во одгледувањето на канабис, така и во обработката и екстракцијата на масло од цветот на канабисот. NYSK Holdings има доволен капацитет да го предводи влезот на германскиот пазар со висококвалитетни медицински понуди на производи од ЦБД и ТХЦ“-велат од компанијата по презентирањето на производите на меѓународната бизнис конференција за канабис (ICBC) која се оддржа во Берлин.

Експертите сметаат дека количината на производи која може да биде пласирана на германскиот пазар изнесува дури и до седум тона на годишно ниво, а покрај квалитетниот производ кој би се нашол на германскиот пазар, бенефит би имала и домашната економија и би се зголемил и извозот помеѓу Македонија и Германија.

Златко Кесковски, директорот на NYSK Holdings вели дека се целосно подготвени да ги задоволат германските пациенти кои имаат потреба од маслото од канабис:

„Ние се подготвуваме да ги задоволиме потребите на повеќе од два милиона пациенти во Германија, кои се квалификуваат за овој тип на третман и кои ќе имаат корист од нашите производи, кои што наскоро ќе бидат достапни на пазарот. Одлуката на германските законодавци отвори можност NYSK Holdings да се наметне како лидер во оваа област и да понуди квалитетни опции за успешни резултати кај потрошувачите и пациентите во Германија, а и во голм број на други Европски земји, вели Златко Кесковски.

NYSK Holdings во Република Македонија започна со производство на масло од канабис во 2017 година, позади себе имаат завршено пет жетви а во меѓувреме добија и дозвола за извоз во земјите од Европска Унија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2018 01:22