Министрите на Владата предводена од СДСМ продолжуваат со своето непочитување кон Собранието на Република Македонија и непочитување на пратениците како претставници на граѓаните.

Денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска не присуствуваше на јавната расправа на Комисијата за труд и социјална политика на која се дискутира за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица.

Крајно несериозно и неодговорно е што министерката Царовска не присуствува на јавна расправа за вака важен закон за граѓаните на Република Македонија. Очигледно министерката не ја интересираат забелешките на пратениците, инвалидските организации, невладините организации и останатите стручни лица во однос на овој закон.

Со ваквиот однос министерката Царвоска уште еднаш покажа и докажа дека Владата на Зоран Заев спроведува самоволие и нема слух за забелешките на граѓаните и опозицијата.

Од друга страна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски доцнеше повеќе од еден час на Комисијата за транспорт, врски и екологија на која на дневен ред е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и други важни точки од делокругот на оваа комисија.

Ова не е прв пат министрите на Зоран Заев да се однесуваат со непочитување кон највисоката институција во Република Македонија и кон пратениците.

Несериозноста на министрите се покажа и на последната седницата за пратенички прашања која што се одржа 26.04.208 година. Министрите на Владата наместо да седат во пленарната сала и да одговараат на пратенички прашања, тие не беа присутни во салата и имааа поважни работи отколку да одговараат на прашањата на опозициските пратеници, а со тоа и на прашањата на граѓаните на Република Македонија.

Скандалозно и лицемерно е ваквото однесување од страна на луѓе кои кога беа во опозиција ветуваа дека Владата ќе го почитува Собранието на Република Македонија и пратениците како претставници на граѓаните.

Остро регираме и се спротиставуваме на ваквото однесување на министрите на Зоран Заев. СДСМ и Зоран Заев ветуваа демократија, транспарентност, инклузивноста и соработката, а единствено што спроведуваат е самоволие.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2018 12:27