Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес (07.05.2018 година) оствари средба со делегација на НАТО, предводена од Горазд Бартол, шеф на канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија.

На средбата се разговараше стратешките приоритети на Република Македонија како што е побрза интеграција во НАТО, и други теми важни за регионот и за актуелната економска и политичка состојба во државата.

Мицкоски го информираше Бартол дека во Република Македонија сериозно е загрозена демократијата преку политичкиот прогон на неистомислениците и постојаниот притисок врз институциите од страна на власта. На полето на економијата Мицкоски изрази загриженост за катастрофалните економски политики на власта чија неспособност ја смеси државата убедливо на европското дно.

На средбата, Мицкоски ги афирмираше ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека стратешка определба на Република Македонија е полноправно членство во ЕУ и НАТО. Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на својот став дека е потребно зачленување во НАТО алијансата.

Мицкоски посочи дека Република Македонија може да даде голем придонес на НАТО како гарант за безбедноста на регионот. ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи секој процес кој е во насока на јакнење на демократијата и е од интерес на граѓаните и Република Македонија потенцираше Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2018 23:36