Американската пејачка Џенет Џексон ќе добие уште една потврда за својот статус во музичката индустрија на овогодинашната церемонија на доделување на „Билборд наградите“ (Billboard Awards).

Таа на свеченоста на 20 мај во Лас Вегас ќе ја добие наградата „Билборд икона“ (Billboard Icon Award) како признание за нејзината долгогодишна успешна кариера, а нејзините песни со децении беа на врвот на топ листите.

По тој повод Џенет Џексон на церемонијата ќе настапи во живо првпат по девет години.

Меѓу останатите добитници на оваа награда се Принс, Стиви Вондер, Шер, Нил Дајмонд, Селин Дион и Џенифер Лопез.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2018 23:49