Вечерва во Лисабон започнува 63-тото по ред музичко шоу - Евровизија.
Натпреварувањето се состои од три фестивалски вечери, а се отвара со првата полуфинална вечер која ќе се случи вечерва. Втората полуфинална вечер е предвидена на програмата на 10 мај, додека главната финална вечер е во сабота на 12 мај. Вкупно на 63-тото издание на Евровизија учествуваат 43 земји. Оваа година наши претставници се групата “Ај кју”. Тие настапуваат во првата полуфинална вечер.
Со “Ај кју” ќе се натпреваруваат уште и претставниците на Исланд, Албанија, Белгија,Чешка, Бугарија, Хрватска, Грција, Кипар, Швајцарија, Австрија, Финска и Израел кој важи за најголем фаворит на оваа година на “Евровизија”, а го претставува популарната Нета со песната “Играчка”.