На Економскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи настан за предизвиците на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во поддршката на економскиот развој на земјите од Западен Балкан.

Настанот го организира Центарот за податоци и информации на ЕУ на Економскиот факултет во Скопје во рамки на одбележувањето на 9 Мај - Денот на Европа и по повод 60-годишнината од формирањето на Европската инвестициска банка.

Најавено е обраќање на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, деканот на Економскиот факултет Љубомир Дракуловски и раководителот на Центарот за податоци и информации на ЕУ на Економскиот факултет, Даниела Мамучевска.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2018 08:48