До крајот на следната деценија на Германија би можело да и недостасуваат 4,9 милиони работници, а овој недостаток би ја чинел германската економија 525 милијарди евра, се наведува во студијата на консултанската компанија Корн/Фери.
- Најголема штета од недостигот на работна сила би можеле да претрпат компаниите во услужниот сектор, вклучувајќи го и финансискиот, каде до 2030 година би можело да недостасуваат 1,2 милиони работници, покажуваат резултатите од истражувањето.
Исто така, ќе биде погодена и машинската индустрија, која е главна извозна гранка на Германија.