Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја повика Организацијата на американските држави да го суспендира членството на Венецуела во таа група од 35 земји.
Пенс исто така ги повика членките на Oрганизацијата да ги отстранат лидерите на Венецуела од своите финансиски системи и да воведат визни рестрикции.
Пенс побара од претседателот на Венецуела Николас Мадура да го суспендира одржувањето претседателски избори во земјата на 20 мај, за кои рече дека се „ништо повеќе од измама и срам“.
Заменик министерот за надворешни работи на Венецуела за Северна Америка, Самуел Монкада изјави дека нема шанси изборите на 20 мај да не се одржат.