Христијан Мицкоски целосно е навлезен во промашената матрица на неговиот претходник Никола Груевски кој слично како и Мицкоски со години неосновано и напразно го обвинуваше Зоран Заев за неговата работа во општина Струмица.

Во 2014 година, периодот за кој денеска неосновано обвинува Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ имаше целосна контрола врз институциите и доколку постоеше и најмало сомневање за сторен криминал од страна на претседателот Заев и неговото семејство тие веднаш ќе беа процесуирани. Јавноста се уште памети дека во тој период беа правени стотици контроли врз работата на Општина Струмица, дека сите можни институции и инспекции буквално со месеци живееја во Струмица и не успеаја да најдат ништо незаконско.

Затоа, несериозно и неодговорно е Мицкоски денеска после четири години да се обидува да оживува потрошени лажни и наводни афери измислени од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е уште една промашена прес-конференција на Мицкоски коja исто како и претходната е целосно разобличена. Залудни се измислените наводи на Мицкоски, постапката е чиста и транспарентна и е во интерес на Oпштина Струмица и економијата.

Со денешниот настап, Мицкоски повторно покажа дека е лош актер влезен во филмот на неговиот претходник и исто така лош актер, Никола Груевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2018 13:10