Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го обвини Иран дека распоредува „многу опсано оружје“ во Сирија, со цел да го уништи Израел.

Според Нетанјаху, кој престојува во посета на Кипар, распоредувањето иранско оружје во Сирија е дел од капањата на закани кон Израел.

- Иран отворено секојдневно повикува Израел да биде збришан од земјата, нагласи Нетанјаху, кој во Никозија имаше средба со кипарскиот претседател Никос Анастасијадис и со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Нетанјаху, при тоа. го обвини Иран дека сака да отвори свои поморски база во Сирија и да стационира подморници во Средозменото Море.

- Тоа очигледно претставува закана за сите нас, оцени Нетанјаху.

Израелскиот премиер изминативе недели во неколку наврати порача дека Ирзраел нема да дозволи воспоставување на иранско воено присуство во Сирија.

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман, пак, минатата недела изјави дека Израел не планира да се меша во внатрешните работи на Сирија, но дека нема да дозволи отворање на ирански воени бази на сириска територија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2018 14:13