Соопштение до јавноста - реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Поставувањето на Командант Хоџа, човек кој е на црната листа за влез во САД, за советник за безбедност и борба против радикализмот е чин на краен аматеризам и неодговорност кон државата.
Човек кој се наоѓа на црната листа и претставува опасност за САД, човекот кој јавно призна дека доколку во 2001 година имал доволно оружје ќе ги протерал Македонците до Бугарија, Заев го наградува со висока функција во владата, за да за возврат Командант Хоџа го ослободи Танушевци.
Заев и картелот наместо да ги манипулираат граѓаните, треба да кажат кога и како Командант Хоџа го заробил Танушевци, со кое оружје и каде е тоа оружје сега?
Со ваквиот чин Заев и картелот го потикнуваат секој криминалец во иднина да изврши кривично дело и да се пазари за државна функција со Зоран Заев.
СДСМ, Заев и криминалниот картел заборавија дека владата и државата не е нивна приватна сопственост. Луѓето кои се закана по територијалниот интегритет и суверенитет на државата не смеат да бидат дел од владата. Доколку Заев навистина се грижи за егзистенцијата на Командант Хоџа, тоа може да го направи со негово вработување во фирмите на Заеви, но не како советник за безбедност во Владата.
ВМРО-ДПМНЕ бара картелот веднаш да го раскине договорот со Хоџа. Ваквото понижување на граѓаните, државата и безбедносните служби мора веднаш да престане. Што порано си замине овој криминален и насилен клан на чело со Зоран Заев толку подобро за сите.