Саудиска Арабија ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од Договорот за иранската нуклеарна програма и да ги возобнови санкциите кон Техера, јави ДПА.

Официјален Ријад ја повика меѓународната заедница да заземе цврст и единствен став кон Иран.

- Иран ги искористи економските придобивки... и ги употреби за продолжување на своите дестабилизирачки активности во регионот, посебно преку развивање на балистички ракети, се посочува во соопштението на официјален Ријад.

Саудиска Арабија ја предводи меѓународната коалиција која се бори против јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и најави возобновување на санкциите кон Иран, кои беа укинати согласно документот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2018 23:09