Во Владата на Република Македонија денеска ќе биде потпишан Меморандум за соработка за воспоставување на јавно приватен дијалог на Владата со четирите стопански комори, партнери на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Воведни обраќања ќе имаат претседателот на Владата Зоран Заев, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Македонија Дејвид Атебери, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска и директорот на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива Љубомир Димовски.

Во вториот дел од настанот ќе бидат презентирани наодите од двете истражувања на проектот на тема „Проценка на бизнис средината во Македонија“ и дебата помеѓу присутните, соопшти прес-службата на Владата.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2018 08:31