Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска упати повик до ЕУ да продолжи со политиката на проширување, јави Анадолија.
- Проширувањето е најуспешната политика на ЕУ за ширење на нејзините основни вредности. Важно е ЕУ да продолжи со оваа политика и во иднина, посочи Чавушоглу по повод денешниот Ден на Европа.
Тој нагласи дека Турција е европска земја и географски и историски и придонесува за безбедноста, стабилноста и просперитетот на континентот.
- Нашата земја продолжува со своите напори да стане полноправна членка на ЕУ, рече Чавушоглу.
Тој оцени дека ЕУ отстапува од своите вредности и додаде дека дискриминацијата, ксенофобијата и исламофобијата предизвикуваат разочарување и загриженост.
Чавушоглу, исто така, ја повика ЕУ да се дистанцира од дискриминација и популизам.
- Турција како земја-кандидат се надева дека ЕУ ќе ги надмине предизвиците со кои се соочува. Во овој контекст, Турција е отворена за сите идеи и соработка, додаде тој.
Турција ги почна преговорите за членство во ЕУ во 2005 година, но тие се во застој во последните години.