Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од нуклеарниот договор со Итан е „глупава и површна“, оцени денеска иранскиот верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
- Слушнавте дека минатата ноќ претседателот на Америка даде некои глупави и површни коментраи, изјави Хамнеи.
Според него, во своето синоќешно обраќање Трамп изнел „можеби повеќе од 10 лаги“.
- Тој им се закануваше на властите и на луѓето. велејќи ќе направам ова и она. Господине Трамп во името на иранскиот народ ви порачувам: Правите грешка, истакна ајатолахот Хамнеи.
Иранскиот верски лидер нагласи и дека Иран нема да продолжи да го почитува договорот, доколку не добие „цврсти гаранции од Европа“.
Хамнеи имаше резерви кон нуклеарниот догвор уште од времето на неговото постигнување во 2015 година и досега во повеќе наврати ги обвинуваше САД дека не ги исполнуваат договорените обврски.
Трамп вчера соопшти дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и најави возобновување на санкциите кон Иран, кои беа укинати согласно документот.
Во меѓу време, група пратеници во иранскиот Парламент предложија усвојување разолуција со која се повикува на „соодветни и реципрочни“ мерки на Техеран на одлуката на Трамп.
Претседателот на парлементарната Комисија за нуклеарни прашања, Хоџатолеслам Моџаба Зукнури изјави дека со документот се бара иранската Влада да ги обезбеди „неопходните гаранции“ за почитување на договорот од остатаните пет негови потписници - Велика Британија, Германија, Кина, Русија и Франција.
Тој не прецизираше какви гаранции треба да бара Техеран, но нагласи дека ако не ги добие, тогаш треба да престане да го почитува договорот и да почне со производство за високозбогатен ураниум.
Пратеникот Али Мотахари пак оцени дека европските сили „имаат ограничени можности да дадат стабилни гаранмции“ какви што бара Иран.
- Ако тоа не се случи, можно е да се повлечеме од нуклеарниот договор или да преземеме поинакви чекори, истакна Мотахари.