Иран продолжува да ги почитува своите обврски од Договорот за нуклеарна програма со светските сили, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), ден по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД се повлекуваат од Договорот.

- Иран е предмет на најстрогиот режим за проверка на нуклеарната програма, изјави директорот на МААЕ, Јукијо Амано.

Тој потенцира дека Агенцијата внимателно го следи развојот на ситуацијата.

- МААЕ може да потврди дека Иран ги применува обврските во врска со нуклеарната програма, посочи Амано.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2018 14:04