Покрај лажните вести, ВМРО-ДПМНЕ во безидејност и очај два дена се обидува да ја замајува јавноста со рециклирани измислени случаи, со што уште еднаш се покажува дека оваа партија не може да понуди ништо друго освен измислици и манипулации.

Залудни се измислените наводи на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, постапката е чиста, транспарентна и во интерес на Општина Струмица. Јавноста добро знае дека во тој период беа правени стотици контроли врз работата на Општина Струмица, дека сите можни институции и инспекции со месеци беа безмалку преселени во Струмица и на крајот не успеаја да најдат ништо незаконско.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните политики на Владата предводена од СДСМ и затоа после четири години оживува лажни афери за постапки за коишто е докажано дека се целосно во согласност со законите.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да функционира во поразената матрица на Никола Груевски и неговите политики на лаги, поделби и измислени афери преку кои напразно се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста од нивното деструктивно однесување.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2018 14:07