Еден од водечките луѓе на Ред Бул, Хелмут Марко откри дека оваа сезона фаворит му е нивниот поранешен возач Себастијан Фетел, кој сега настапува за тимот на Ферари.

- Фетел е мој фаворит. Делува позрело и постабилно од минатата година, а и Ферари има подобри болиди, па затоа и не смее да направи грешка, истакна Марко.

Тој изјави дека не верува во гласините за нерегуларниот болид со кој го возел Фетел.

- Меѓународната автомобилска федерација изврши контрола и соопшти дека случајот со маслото е во ред. Во последно време се појавија и шпекулации за акумулаторите, но и за тоа ќе биде извршена контрола. За нас болидот на Ферари е во ред, бидејќи веруваме во проверките, потенцира Марко.

Во последниот период се појавија гласини дека Ферари недозволено користи премногу масло и дека преку одредени функции на акумулаторот добива повеќе коњски сили.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2018 14:19