Во 2012-та година, монструозно петкратно убиство ја потресе цела Македонија.

Големата трагедија која се случи кај Смилковското езеро ја бранува македонската јавност повеќе од шест години. Лицата осудени за ова дело се веќе на слобода, а родителите на жртвите преживуваат голгота.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски со остра осуда за начинот на кој Заев манипулира со оваа огромна трагедија.

-Тоа е една огромна трагедија и јас мислам дека правдата на некој начин беше задоволена имајќи предвид дека имаше сериозен судски процес против оние кои го извршиле делото. За жал, во рамки на политичките договори кои ги правеше СДСМ, не само со други одредени политички партии, туку и со одредени криминални структури, презеде обврски кои се надвор од реални можности на една Влада, а тоа е директно да влијае на судството и врз обвинителството и во едно директно влијание, обвинителството да се реши одново да започне овој процес и да се ослободат оние кои што се обвинети за овој највисок акт на тероризам, исполнувајќи го политичкиот пазар на СДСМ. Тоа е една голема, семејна трагедија која не смее да остане неказнета и која колку и да е сега судството и обвинителството под притисок, ќе дојде ден кога ќе се ослободи и судството и обвинителството. Се надевам дека тоа ќе биде со промената на власта која се надевам дека ќе дојде што побрзо и ќе можат правично, врз основа на факти и докази да ги осудат се надевам на максимални казни оние кои што го извршиле овој грозоморен чин. Во таа насока мислам дека манипулациите кои ги прави премиерот Заев, не само што не се дозволиви во политика, туку се крајно нечовечки. Да манипулирате со родители кои изгубиле деца значи дека немате душа, дека немате чувство за тие луѓе. Тоа е најтрагично и најгрозно во целата оваа политичка манипулација на Заев, оценува Николоски во интервјуто за КУРИР.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2018 14:27