Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во преполна сала одржа средба со штипјани по повод 9. мај, Денот на Европа.
-Преполна сала во Штип! Со голема енергија, многу мотив и сила на денот на Европа и победа против фашизмот против политиките на национален срам и економско опустошување на Македонија! Тие по нас со политички терор, ние одговараме со масовност и енергија!, напиша Николоски на Фејсбук.