Судот во Шангај денеска го осуди основачот на кинеската осигурителна куќа „Анбанга“, Ву Сјаохуи и сопственик на њујоршкиот хотел Валдорф на 18 години затвор откако се изјасни за виновен за проневера на повеќе милијарди долари на инвеститорите.

Судот, исто така нареди конфискација на имотот вреден 10,5 милијарди јуани (1,6 милијарди долари), кој опфаќа хотели, недвижен имот и осигурителни куќи од Канада преку Белгија до Јужна Кореја.

Ву е обвинет дека ги измамил инвеститорите и ги употребил нивните пари за сопствени цели. Тој беше уапсен минатата година, а властите ја презедоа контролата над „Анбанга“ во февруари. Ву во март на државната телевизија призна дека е виновен.

Ву ја искористил својата позиција за проневера на 10 милијарди јуани (1,5 милијарди долари) во депозити на „Анбанга“.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2018 12:48