Од исклучитечна важност е Иран да го почитува Договорот за неговата нуклеарна програма, а Москва може да го искористи своето влијание врз Техеран за да го убеди да го стори тоа, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас.

- Германија и Русија се согласни дека договрот за иранската нуклеарна програма треба да продолжи да функционира, изјави Маас во Москва по средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Рускиот министер пак нагласи дека по повлекувањето на САД од Договорот, останатите земји потписници бараат начини за негово опстојување, бидејќи е особено важно тој и натаму да остане во сила.

Лавров истакна дека Русија ги повикува Иран и Израел да се воздржат од активности, кои би можеле да предизвикаат конфликт.

Реакцијата на Лавров следува откако Израел денеска објави дека иранските сили стационирани во Сирија нападнале израелски бази на Голанската Висорамнина. Како одговор, Израел изврши напади врз цели во Сирија, кои се оценети како најжестоки од почетокот на сирискиот конфликт во 2011 година.

Маас од своја страна изјави дека нападите врз израелските бази на Голан претставуваат провокација, нагласувајќи дека Израел има право на самоодбрана.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2018 13:35