Продажните цени на индустриските производи на странските пазари во март 2018 година се пониски за 1,7 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 2,6 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во март 2018, во споредба со февруари 2018 година, продажните цени на индустриските производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за девет отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,8 отсто.

Во март 2018, во споредба со март 2017 година, продажните цени на индустриските производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 15,3 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 1,3 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2018 13:49