Прилеп спие – Разбуди ја градската музичка сцена
Прилеп станува збирно место за македонските алтернативни артисти. Оваа сабота (12.5.2018) во Гарден Хепи ќе се одржи „Прилеп спие“ - свирката која не смее никако да се пропушти.
Ова е независен локален настан кој ќе ги спои музичките артисти од различни градови и различни жанрови на едно место, а со тоа ќе се разбуди градската сцена која веќе одамна како да заспала. Организаторите се надеваат дека ова ќе прерасне во иден културен двигател и главен поддржувач на македонската независна музичка сцена. Програмата се состои од пет музички артисти и тоа: Третар (Прилеп) Anna O. (Кочани) Ема (Битола, Скопје, Велес) Фосфен (Битола) Mitrik – Room 313 (Прилеп)
Атмосферата ќе ја зачини специјален гостин кој сѐ уште останува непознат за публиката.
Повеќе информации за настанот ќе добиете на следниот линк