Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека неговата средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе се одржи на 12 јуни во Сингапур.

- Многу очекуваната средба меѓу Ким Џонг-ун и мене ќе се одржи во Сингапур на 12 јуни, напиша Трамп.

Во неговата објава на Твитер, Трамп нагласува дека тој и Ким ќе се обидат да ја претворат средбата во „еден многу значаен момент за Светскиот Мир“.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2018 23:29