Скандал се случи на вечерашната евровизиска вечер за време на настапот на претставниците од Велика Британија.

Непознат маж им го одзеде микрофонот. Човекот со ранец, успеа да помине низ обезбедувањето, скокна на сцената, го зграпчи микрофонот и извика „Нацисти во британските медиуми, бараме слобода”. Тој за кратко време беше тргнат од сцената, а пејачката продолжи со настапот.

Организаторите понудиле Велика Британија повторно да ја отпее својата песна откако ќе завршат сите настапи, но тимот на Велика Британија одлучил дека за тоа нема потреба.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2018 02:00