Бројот на туристите во Македонија во периодот јануари - март 2018 година е зголемен за 17,3 отсто во однос на истиот период лани, а на ноќевањата за 17,7 проценти, покажува статистиката.
Раст на бројот на туристи од 25,1 процент е евидентиран и за март годинава во споредба со истиот месец лани, како и на ноќевањата, за 18,7 отсто.
Според Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2018 година изнесува 53.836, а бројот на ноќевањата 108.638. Бројот на домашните туристи во март 2018 година во однос на март 2017 година е зголемен за 18,5 отсто, а бројот на странските туристи за 28,4, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 3,6 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи за 28,5.
Во периодот јануари - март кај домашните туристи има зголемување за 10,1 отсто, а кај странските за 21,5. Кај ноќевањата, пак, зголемувањето е кај 12,5 отсто домашните туристи и 21,4 проценти кај странските.