Бизнис конференција на тема „Менаџирање и искористување на ЕУ фондовите за земјоделие – Претставување на бизнис моделот на Платежната агенција на Република Словенија“ организираат денеска Агенцијата за земјоделие и рурален развој на Република Словенија, во соработка со словенечката Амбасада и Стопанската комора на Македонија.

На конференцијата ќе биде презентиран бизнис моделот на Платежната агенција на Република Словенија и ЕУ, особено во однос на информатичко-технолошките решенија кои претставуваат интегрален и неопходен дел од имплементацијата на заедничката земјоделска политика на ЕУ.

Најавено е дека ќе се обратат директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на РМ, Николче Бабовски, словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, генералниот директор на Агенцијата за земјоделство и рурален развој на Република Словенија, Бенедикт Јеранко и други гости од Словенија.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2018 10:18