Површините засеани со тутун во Струмичкиот регион годинава ќе се зголемат за 40 хектари, информираат од Здружението на тутунопроизводители „Басмак“ од општина Василево.

Лани биле засеани 90 хектари, а годинава поради големиот интерес на тутунопроизводителите површините се зголемуваат на 130 хектари.

- Тоа е поради добрата цена и самите субвенции што се зголемени - 80 денари за прва, 70 за втора и 60 за трета и како што е најавено од денес треба да се исплаќаат субвенциите. Тоа им дава поттик на самите производители да го зголемат производството на тутун, вели Марјан Трајков, претседател на Здружението на тутунопроизводотели „Басмак“ од општина Василево.

Тој додаде дека нема поголем број на нови производители на тутун, туку досегашните ги зголемиле површините во просек од по два декари, односно годинава засејуваат пет наместо досегашните три декари.

Годинава тутунот ќе го откупуваат пет компанании, една повеќе од лани.

Лани беа откупени околу два милиони килограми, а годинава се очекува тутнарите да предадат околу 2,5 милиони килограми квалитетен тутун.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2018 10:44