Кавадарчанец пријавил измама, платил околу 300 евра за да му обезбедат работа во Германија, а работа не добил. Оваа информација за МИА ја потврди Димитар Каракулев, инспектор за превенција при кавадаречката полиција.
- На 14.05.2018 година во Полициска станица Кавадарци, Ф.Н.(54) од Кавадарци пријавил дека бил измамен од лице од Неготино. Пријавителот по даден оглас за вработување на Iнтернет, стапил во контакт со измамникот кој се преставил дека е менаџер во агенција која посредува за вработување во странство. Со тоа го довел во заблуда Ф.Н. кој во неколку наврати на жиро сметка му исплатил 18,530 денари. При уплакање на следната рата од Ф.Н. во банка во Скопје, од страна на шалтерскиот работник му било сигнализирано дека лицето на која што жиро сметка ги уплаќа парите е познат измамник, појаснува Каракулев.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.