Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф денеска изјави дека имал конструктивен состанок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и оти е оптимист дека иранските интереси во нуклеарниот договор ќе бидат заштитени и покрај повлекувањето на САД.

- Тоа беше убав и конструктивен состанок. На вистински пат сме да обезбедиме интересите на другите потписнички, посебно на Иран, да бидат гарантирани, рече Зариф.

Трамп на 8 мај соопшти дека САД се повлекуваат од нуклеарниот договор со Техеран.

Иран после тоа соопшти дека ќе остане верен на договорот од 2015 година, и покрај одлуката на Трамп, но смета дека Европа има „ограничени можности“ да го заштити тој договор.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2018 11:48