Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Х. (53) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Од декември 2015 година до ноември 2017 година Б.Х., како директор на ЈП „Пелагонија“ - Кривогаштани, од бензиски пумпи во Прилеп во повеќе наврати овозможувал да се полни гориво во приватни возила на сметка на Јавното претпријатие „Пелагонија“ Кривогаштани. Со ова го оштетил буџетот на општината 924.983 денари.