Во Скопје деновиве е формирана првата Асоцијација на професионалци во јавните набавки (АПЈН) во Република Македонија.

Како што соопшти Асоцијацијата, целта е давање придонес за градење и одржување на ефикасен и транспарентен систем за јавни набавки во земјата согласно европските директиви, насоки и упатства, како и националното законодавство од областа на јавните набавки и добрата пракса во оваа област, промовирање и развој на струката на идентитетот на струката, залагање за унапредување на професијата на јавните набавки и подобрување на знаењето на лицата вклучени во процесот на јавните набавки во земјата согласно националното и ЕУ законодавство.

АПЈН, како што се посочува, ќе се залага да обезбеди што повеќе искуства од областа на јавните набавки за нејзините членови и партнери, да се создаде околина на добра пракса и примена на Законот за јавните набавки и неговите подзаконски акти и друго.

Асоцијацијата ги повикува во нејзината работа да се вклучат сите заинтересирани страни, фирми, експерти и соработници од институциите, преку поддршката и заедничка поголема промоција на јавните набавки.

Повеќе информации за Асоцијацијата, чиј претседател е Борче Христов, може да се добијат на веб страната www.apjn.mk.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2018 13:42