Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од годинава е намалено за 23,4 отсто во однос на првото тримесечје лод 2017 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство има кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, друго заоблено дрво од иглолисни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови.
Намалување на шумското производство, пак, има кај трупците од листопадни видови, просторното дрво од листопадни видови и кај огревното дрво од листопадни видови.