Откупот и продажбата на земјоделски производи во првото тримесечије од годинава се зголемени за 4,6 отсто во однос на истиот период од претходната година. Зголемување на откупот и продажбата има во јануари и март, додека во февруари е забележано намалување.
Според податоците на Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 10,9 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство има намалување за 7,5 отсто.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи има кај индустриските растенија, градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, млекото и млечните производи, а намалување е забележано кај житата, фуражните растенија, живината и јајцата и рибата.