Вкупниот промет во индустријата во март годинава е зголемен за 5,4 отсто во споредба со истиот месец од минатата година, во однос на февруари годинава има раст од 14,2, а во првите три месеци од 2018 година пораснал за 10,8 отсто во споредба со истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во однос на ланскиот март бележи пораст кај Капитални производи за 11,5 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 7,8 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,6 отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 4,4 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2018 година, во однос на март 2017 година е намален за 6,9 отсто. Опаѓање од 19,1 отсто има кај Интермедијарни производи, освен енергија, и Капитални производи за 13,5 отсто, а пораст кај Трајни производи за широка потрошувачка за 24,1 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 отсто. Во однос на февруари годинава, пак, пораснал за 19,7 отсто, а во привите три месеци од годинава во споредба со истиот период лани за 3,7 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во март годинава во споредба со март 2017 година, е зголемен за 8,5 отсто. Пораст од еден отсто има кај Интермедијарни производи, освен енергија, Капитални производи за 12 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,3 отсто, додека опаѓање е забележано кај Трајни производи за широка потрошувачка за 3,7 отсто. Во однос на февруари годинава прометот пораснал за 12,7 отсто, а во привите три месеци од годинава во споредба со истиот период лани за 2,1 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2018 14:07