Во рамки на проектот „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија“, финансиран од ЕУ се одржа дводневна обука за подготвеност за извоз на компаниите од прехранбената индустрија.
Проектот ќе се спроведува во следните две години од Органиацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и Институтот СФЕРА - НОВА.
Целта на обуката е да се покрене конкурентноста на компаниите преку зајакнување на капацитетите на компаниите за извоз. Проектот се фокусира на извозот на прехранбено-преработувачката индустрија, покревање на извозниот капацитет и отварање на нови извозни можности.
Проектот, пак, има за цел да продуцира бизнис анализи за извозните можности на регионалните пазари за прехрамнбено - преработувачката индустрија, обуки за извоз на компаниите и за техничката подготвеност, нови вештини и знаења за извоз, интерактивна веб платформа за извоз и мобилна апликација, демо мали проекти за извоз на селектирани производи од прехранбено - преработувачката индустрија.
Во рамки на проектот предвидени се две повеќедневни обуки за основно и напредно ниво за извоз. Се подготвува и Прирачник за извоз која треба да послужи како документ кој ќе ја зајакне одржливоста.