Евидентирање на парите кои граѓаните ги добиваат од странство од страна на УЈП ги намали за 20 до 30 проценти дознаките од странство во првите месеци на годината.

Намалувањето го потврдуваат и агентите кои работат во компании за брз трансфер на пари од навдор.

Албана Бислими, која работи за Вестерн Унион, за МИА изјави дека опаѓање има, иако е благо тоа се забележува.

- Од 20 до 30 отсто има помалку праќања на пари од надвор во првите месеци на годинава, во споредба со минатата година, изјави Бислими.

Ова опаѓање, според познавачите на економијата, е поради стравувањето на граѓаните за можно оданочување на овие средства.

Македонија може да загуби многу ако во иднина ги стави како ДДВ обврзници, лицата кои примаат средства од надвор, бидејќи, со овие средства се покрива и дел од трговскиот дефицит кој изнесува 1,6 милијарда евра.

Според Бислими, со ваквиот начин на евидентирање на овие средства, штетата не е само за нашата држава, туку штета ќе имаат и нашите сограѓани кои живеат надвор и кои во иднина би можело да се обидат да ги внесат во Македонија на црно.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2018 13:37