Министерството за индустрија и трговија на Виетнам денеска отвори истрага во потегот на такси компанијата Граб, која го презема бизнисот на ривалот Убер во југоисточна Азија.

Зделката меѓу двете иновативни такси компании беше постигната во април, а Граб, компанија лоцирана во Сингапур, ги презема вработените во Убер и нивните возила, овозможувајќи им на корисниците да продолжат да повикуваат возила со мобилната апликација на Убер. Но, повеќе држави во регионот протестираа против оваа концентрација во такси бизнисот, и најавија истрага преку нивните анти-монополски комисии.

Виетнамската Влада соопшти дека истрагата на потегот на Граб ќе трае 120 дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2018 13:30