Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Т.Д. (60), поранешен градоначалник на Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството во редовниот деневен Билтен.

Во периодот од 2011 година до септември 2017 година пријавениот, како градоначалник на Демир Капија, овозможил на вработените И.В. (43) и Р.Д. (47), двајцата од Скопје, и покрај тоа што повремено доаѓале на работа, да примаат месечен надомест.

Со ова пријавениот им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист од 3.073.859 денари, на штета на Буџетот на општина Демир Капија.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2018 13:33