Жител на Кичево вчера во 14:25 часот пријавил дека на ул.„Јанко Михајлоски“, во близина на Правниот факултет во Кичево, забележал како непознато машко лице допирал малолетно женско дете по делови од телото.

Полициски службеници излегле на местото каде ги затекнале пријавителот, шестгодишното девојче и неколку граѓани. По преземени мерки, по кратко време од слобода бил лишен Б.С. (67) од Кичево.

Над детето бил извршен лекарски преглед, при што не биле констатирани телесни повреди, а бил извршен и разговор во присуство на родител и социјален работник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2018 13:34