На ул.„Џон Кенеди" во Скопје, вчера во 15:30 часот А.Ѓ.(48) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица" со скопски регистарски ознаки удрил во 14 -годишно дете од Скопје. По незгодата, со возило на брза помош детето било пресенено во Градска општа болница „Св. Наум Охридски", каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.