Претседателот на Еквадор, Ленин Морено денеска нареди повлекување на дополнителните безбедносни мерки, што и беа доделени на Амбасадата во Лондон.
- Претседателот на Републиката Ленин Морено нареди веднаш да се повлечат сите дополнителни безбедносни мерки од Амбасадата на Еквадор во Лондон. Од сега ќе има само нормално обезбедување како и во другите амбасади на Еквадор, се наведува во соопштението на еквадорската Влада.
Одлуката на Морено уследи откако британскиот весник „Гардијан“ ја пренесе истагата на сајтот „Фокус Еквадор“ според кој Владата во Кито покрај што му пружила азил на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж и го шпионирала.
„Гардијан“ повикувајќи се на еквадорски разузнавачки документи објави дека властите во Кито издвоиле буџет од пет милиони долари првенствено за „заштита“ на Асанж, а потоа безбедносната операција се претворила во систематско набљудување на основачот на Викиликс.
- И самиот Асанж успеа да влезе во тој систем и да открие дека се прислушуваат неговите официјални и лични разговори, наведе „Гардијан“.
Но, Викиликс го демантираше наводите на британскиот весник, оценувајќи ги како клевета.
Односите меѓу Асанж и Еквадор се влошени последните месеци. По неколку изјави на Асанж за меѓународни прашања, со кои не се согласуваат еквадорските власти, беа прекинати некои системи за комуникација во Амбасадата.
Но, и покрај тоа Морено изјави дека ќе продолжи заштитата на Асанж.
Основачот на Викиликс во Амбасадата на Еквадор во Лондон претстојува од јуни 2012 година, за да ја избегне екстрадицијата во Шведска каде е обвинет за силување и сексуално злоставување. Тој и негира обвинувањата.
Асанж (46) ако излезе од Амбасадата на Еквадор ќе биде уапсен бидејќи во 2012 година ја прекрши условната казна.
Против него се води истрага и во САД поради што Викиликс објави стотици илјади страници американски дипломатски документи, како и тајни воени документи.