Најмалку осум лица загинаа, а 40 се повредени при неколку експлозии на фудбалски стадион во Џалалабад во Авганистан.
- Експлозиите се случија на стадионот во Џалалабад, градот домаќин на крикет натпревар на почетокот на светиот месец Рамазан, изјави Сохраб Кадери од локалната власт.
Одговорноста за нападот никој не ја презеде.
Минатата недела гувернерот на провинцијата доби отказ поради нарушувањата на безбедноста во покраината, која се користеше како прибежиште на борците на исламската држава и талибанците.