Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, неколку часа по нападот во училиште во Тексас, каде што беа убиени десет лица, рече дека претседателот Доналд Трамп работи на тоа да ги направи побезбедни американските училишта.

Пенс нагласи дека администрацијата на Трамп ќе се фокусира на безбедноста во училиштата, а ќе биде потпишан и закон според кој на сојузните држави и локалните самоуправи ќе им се одобрат на располагање две милијарди долари за заштита на училиштата.

Исто така, посочи дека се планира и носење закон со кој ќе се зајакнат контролите за сопствениците на оружјето.

Американскиот потпретседател им порача на сите сојузни држави да го следат примерот на државата Индијана, која дозволи квалификувано лице во училиштето да носи оружје.

Ова е втор најсмртоносен напад во училиште во САД годинава, по оној во февруари во сојузната држава Флорида, кога загинаа 17 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2018 00:22