Македонскиот планинар Георги Петков од Гевгелија починал денес од срцев удар на Хималиаите во обид да го освои највисокиот врв Монт Еверест.

Веста е објавена на сајтот „Хималајан“, а пред малку е пренесена и на веб страницата на Планинарското друштво „Кожув“ од Гевгелија.

-63 годишен алпинист од југоисточна Европа почина додека се обидува да се искачи на највисоката планина во светот попладнево, објавија официјалните претставници на базниот логор.

Веста за смртта на македонскиот алпинист ја потврдил и менаџерот на базниот логор Ками Нуру Шерпа.

-Во тек се напори за спуштање на неговото тело во долниот логор, додал Шерпа.

Доктор Георги Петков беше дел од експедицијата предводена од британскиот планинар и лидер за комерцијална експедиција, Тим Мосејдеј.

На поход кон искачување на Монт Еверест доктор Георги Петков тргна на 24 март годинава, а според планот требаше до крајот на месецот да се искачи на врвот и да биде шестиот Македонец што го освоил врвот на светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2018 21:38