Македонско-Германското стопанско здружение со зачленети 201 компанија и понатаму останува најголемо билатерално стопанско здружение во земјата.

На 18. редовно годишно собрание на Здружението на кое присуствуваа 90 членови, директорот на делегацијата на Германското стопанство во Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско-германското стопанско здружение Патрик Мартенс направи ретроспектива на спроведените активности во 2017 година.

Мартнес информираше дека минатата година биле организирани многубројни работни настани, а воедно се зголемил бројот за 16 нови членови со што Македонско-германското стопанско здружение и дека здружението и понатаму останува најголемо билатерално стопанско здружение во земјата со 201 компанија-член.

Тој објасни дека и оваа година ќе продолжат активностите за информираност и подобра комуникацијата меѓу членовите.

Меѓу нив, најзначајни се новата утринска телеграма со која се информираат членовите за најновите случувања во стопанството во Македонија и Германија, но и редовното одржување на формални и неформални средби за вмежување помеѓу членовите.

Од особена важност, според Мартенс, е соработка со Владата и институциите со цел подобрување на деловната клима во земјата и отворениот дијалог помеѓу компаниите членови и носителите на одлуки.

Мирјана Симоновска Ќука останува и во иднина претседател на Македонско-германското стопанско здружение.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2018 09:25