Пронајдена е дрога кај неколкумина тиквешани изминативе неколку дена.

- Во текот на 19/20.05.2018 година во Демир Капија, полициски службеници при преглед на четири лица, И.Ј.(24) и А.Д.(20) од Демир Капија и М.Ј.(25) од Кавадарци и А.Д.(18) од Пробиштип, одзеле неколку омоти со тревскаста материја, најверојатно марихуана, информираше денеска Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

На 18 мај, пак, на улица „Фердо Росомански" во Кавадарци, од страна на полициски службеник, при извршен преглед на Н.Н.(27) од Кавадарци, пронајдена била наркотична дрога. Лицето било приведено.

По целосно документирање на случаите, ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2018 11:55